fbpx

Стоковата размена во јануари помала за 8,6 отсто во однос на истиот месец 2015 година

-

Вкупната вредност на стоковата размена на Македонија со странство, во јануари 2016 година, изнесува 694.140.000 долари и бележи пад од 8,6 отсто во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки во јануари 2016 година, изнесува 309.706.000 долари и бележи пад од 7,9 отсто во однос на истиот период од минатата година. Вкупната вредност на увeзената стока, во истиот период, изнесува 384.434 .000 долари, што е за 9,1 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2016 година, изнесува 74.727.000 долари, што претставува намалување за 14 отсто во однос на истиот период од минатата година. Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2016, изнесува 80,6 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и од челик.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...