fbpx

Пендаровски: Битката на Заев не е лична, доказите ќе ги објавиме

-

Се добива впечаток дека е тоа некоја лична борба на Заев, дека тој има нешто во џебот, никој друг околу него не знае за што станува збор и бие некоја приватна политичка битка. Сите ние тука, прво, сме упатени за што станува збор, како и другите политички партии што се во опозицијата. И тие материјали не ги нарекуваме „бомби“ или „експлозиви“. И тие материјали не се ниту негови, не се ниту мои, туку се наши, ваши, на сите нас, истакна Стево Пендаровски на синоќешната трибина на опозицијата во Кавадарци.

– И кога ќе дојде време, а по мое убедување ќе дојде многу наскоро, ние сите заедно повторно ќе мораме да ги употребиме тие средства за да ги вразумиме тие што се на власт, за кои очигледно не постои друг начин да им влезе в глава дека Македонија не е приватна сопственост, дека Македонија не е акционерско друштво, на само едно семејство или на пет-шест души, дека таа ни е дадена уште од дедо и од прадедо и мораме ние да им ја дадеме на следните генерации, затоа што Македонија е вечна и мора да трае вечно – рече Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...