fbpx

Таксистите од Гевгелија ги блокираа границата и градот

-

Околу 250 автобуски и такси-превозници од Гевгелија напладне почнаа двочасовна блокада на граничниот премин Богородица. Тие бараат да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор.

Освен блокадата на сообраќајот во двете насоки на граничниот премин, тие еден час ќе го попречуваат и пристапот до градот.

Причина за протестот е што изминативе два дена не се почитува договорот за рамноправен превоз на мигрантите со „Македонски железници“.

Според договорено на состанокот на Координативното тело за справување со кризи, такси-возилата и автобусите би требало да ги транспортираат мигрантите дење, а возовите ноќе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...