fbpx

Од 1 јануари државата мора во рок од 60 дена да им плати на фирмите

-

Органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, фондови, агенции, дирекции, бироа, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од државата, имаат законска обврска во рок од 60 дена да го намират долгот кон приватните компании со кои склучиле договори за испорака на стоки, давање услуги или извршиле работи за одреден паричен надоместок.

Овие предлог-измени на одредби од Законот за финансиска дисциплина, кои Министерството за финансии ги предложи во октомври, стапија на сила од Нова година.

„Во деловната трансакција меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена, во случај кога субјект од јавниот сектор се јавува како должник“, гласеше предлог-измената во Законот за финансиска дисциплина.

Плаќањето на државата кон приватниот сектор е еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат бизнисмените. Нема точна бројка за тоа колку државата должи на приватниот сектор.

Во последното истражување на Центарот за граѓански комуникации, спроведено на 405 микро и мали претпријатија, се вели дека 55 проценти не можат да си го наплатат долгот од државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...