fbpx

По Саудиска Арабија, и Бахреин ги прекина односите со Иран

-

Бахреин ги прекина дипломатските односи со Иран откако демонстрантите упаднаа и ја гаѓаа саудиската амбасада во Техеран. Локалните медиуми јавуваат дека властите на Бахреин побарале иранските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.

Одлуката ја соопшти бахреинскиот министер за медиуми, Иса ал Хамади.
„Бахреин одлучи да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран и да ги повика сите членови на мисијата да го напуштат кралството во следните 48 часа“, јави бахреинската државна новинска агенција БНА.

Гневни ирански демонстранти во саботата упаднаа во саудиската амбасада во Техеран и ја запалија, во знак на револт поради тоа што саудиските власти го погубија шиитскиот свештеник, Нимр ал Нимр, кој беше ликвидиран заедно со уште 46 затвореници осудени за тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...