fbpx

„Брима Галуп“: 51 отсто од Македонците се среќни, а 11 отсто – несреќни

-

Педесет и еден отсто од граѓаните на Република Македонија се чувствуваат среќни, 11 проценти несреќни, 35 отсто ниту се среќни, ниту несреќни, додека 2 отсто немаат одговор, покажаа резултатите од најновата анализа на „Брима Галуп“.

Според нивната анализа, индексот на нето-среќа во Македонија изнесува плус 40 отсто и е понизок за 16 проценти од глобалниот просек. Во регионот, како и во Македонија, нето-среќата е со позитивен предзнак, но во целиот регион е пониска од глобалниот просек. Повисок е резултатот на нето-среќата во Косово (плус 49 отсто) од Македонија и од Словенија (плус 48 проценти). Практично еднаков е со Босна и Херцеговина (плус 41 отсто) и со Србија (плус 43 проценти), а резултатот на нето-среќата е значително понизок во Бугарија (плус 30 отсто) многу понизок во Грција (плус 9 проценти) отколку во Македонија.

По прашањето „Што се однесува до Вас, дали сметате дека 2016 година ќе биде подобра или полоша од 2015 година?“, 34 проценти од испитаниците се со надеж дека 2016 година ќе биде подобра, наспроти 25 отсто кои сметаат дека ќе биде полоша и 36 прооценти кои велат дека ќе биде иста, а 5 отсто немаат одреден одговор. Индексот на нето-надеж во Македонија изнесува плус 9 проценти и е помал за 29 отсто од глобалниот просек.

Во однос на економскиот просперитет во 2016 година, 30 проценти од граѓаните на Македонија сметаат дека ќе се влоши, 25 отсто дека ќе се подобри, 38 проценти сметаат дека ќе остане непроменет, а 7 проценти немаат одреден одговор. Индексот на економски нето-оптимизам во Македонија е со негативен предзнак и изнесува минус 5 отсто. И во однос на глобалниот просек апсолутната разлика изнесува 28 проценти.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...