fbpx

Норвешка открила: 27.000 мигранти користат лажен идентитет

-

Норвешките власти денеска соопштија дека околу 27.000 мигранти што влегле во Норвешка или во неа минале извесно време имаат фалсификувани документи.

Користејќи технологија за препознавање лице, норвешкиот центар за лични документи утврдил дека различни лица користеле идентитет на 106 лица.

– Ако предвид ја земеме целата база на податоци, би можеле да заклучиме дека околу 27.000 лица што минале низ Норвешка или во моментов престојуваат се регистрирани користејќи лажен идентитет – соопшти раководителката на пилот-проектот кој го спроведе центарот за лични документи, Фрој Ловасдалеадер.

Во рамки на проектот анализирани се 16.000 од речиси три милиони фотографии кои се сочувани во базата на податоци на министерството за надворешни работи.

– Исто лице под еден идентитет може да биде криминалец, под друг да прими студентски кредит, а под трет добива социјална помош – рече Ловасдалеадер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...