fbpx

Владата на Хрватска распиша претседателски избори

-

Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 28 декемрви, а доколку има втор круг, тој ќе биде одржан на 11 јануари следната година. Ова го потврди портпаролот на владата, Никола Јелиќ, а формалната одлука владата ќе ја донесе на седница следниот четврток.

Кандидатури за шестите по ред претседателски избори најавија актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, кандидатката на ХТЗ, Колинда Грабар Китаровиќ, Милан Кујунџиќ, лидер на Сојуз за Хрватска, поранешниот лидер на Хрватската партија за право, Анто Ѓапиќ, и стечајниот управник Иван Руде.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...