fbpx

Антипретседателски протести во Бразил

-

Илјадници Бразилци излегоа на улиците во повеќе градови во земјата да побараат од конгресот да ја отповика претседателката Дилма Русеф поради корупцискиот скандал на нејзината влада и лошите економски резултати.

Протестите се одржаа во десетина градови, вклучувајќи го и главниот град Бразилија и упориштето на опозицијата Сао Паоло, но биле значително помалку масовни од демонстрациите одржани претходно во текот на годината, против Дилма Русеф и нејзината владејачка Работничка партија.

Единствена разлика овојпат е тоа што постапката за отповикување на претседателката веќе е покрената. Претседателот на долниот дом на парламентот, Едуардо Куна, голем соперник на Русеф, на почетокот од месецов поднесе петиција за нејзино отповикување.

Расправата привремено ја запре врховниот суд, кој разгледува неколку прашања во врска со формирање комисија за расправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...