fbpx

Во базенот на бањата Стрновац пронајдено починато лице

-

Вчера, во 22.30 часот, во СВР Куманово пријавено е дека во базенот на бањата Стрновац – Општина Старо Нагоричане е пронајдено починато лице.

По овластување од Јавно обвинителство, на местото на настанот пристигнале полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице, кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лице во водата.

При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавно обвинителство, телото, кое сè уште не е идентификувано, а и нема пријава за исчезнато лице, е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...