fbpx

Клинтон: Трамп веќе не е смешен, туку опасен

-

Претендентот за номинација за претседателски кандидат на демократите, Хилари Клинтон, по изјавата на Доналд Трамп да им се забрани влез на муслиманите во САД, изјави дека тој повеќе не е смешен, туку опасен и оти политичката елита има мака да одговори на неговите испади затоа што во основа не го „разбира тој феномен“, пишува „Њујорк тајмс“.

Клинтон вели дека до понеделникот се воздржувала да не се насмее кога ќе се споменело неговото име, но дека веќе воопшто не ѝ е смешно. Таа неделава во гратчето Ватерло во Ајова, во рамки на претседателската кампања, жестоко го критикуваше Трамп велејќи дека тргува со „предрасуди и параноја“ и оти неговиот предлог за муслиманите „не само што е срамен, туку и опасен“.

Клинтон, исто така, во своите изјави настојува да уважи и извесна промена во расположението во избирачкото тело, кое очигледно го користи Трамп.

– Во ред е да се плашите. Кога лоши работи ќе се случат, тоа предизвикува загриженост и страв. Но, кога ќе се соземете, особено кога сте лидер, тогаш гледате што можете да направите во врска со тоа – рече Клинтон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...