fbpx

Терористи подготвувале напади на Брисел слични на тие во Париз

-

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека терористи, по примерот на масакрот во Париз, подготвувале напади со оружје и самоубиствени напади на повеќе места во Брисел, поради што денеска е прогласен највисок степен на тревога.

Мишел рече дека по итното заседание на Советот за национална безбедност е одлучено да се запре сообраќајот во бриселското метро и трамвајот кој оди под земја, а на улиците на градот да се зголеми полициското и военото присуство.

Истовремено, откажан е и денешниот концерт на францускиот рок-пејач Џони Холидеј, како и фудбалски натпревари и други манифестации.

Премиерот побара жителите да ги почитуваат сите упатства за безбедност и да се информираат само преку официјалните соопштенија.

Владата ги повика граѓаните да бидат внимателни и оти засега нема причина за каква било паника.
Според полициските сознанија, можни цели на нападите биле трговските центри, прометните улици и сообраќајната инфраструктура.

Сопствениците на продавници и на слични објекти во центарот на Брисел се повикани да ги затворат, а на пристапите до главниот плоштад Гран плас се поставени барикади, на кои полицијата ги претресува минувачите. На покривите на околните згради се поставени полициски и воени снајперисти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...