fbpx

Подводен дрон со експлозив пронајден во Балтикот

-

Подводно воено возило на делечински управувач, на кое имало експлозив, е пронајдено при рутинска контрола на морското дно на Балтикот, во близна на гасоводот Северен тек, објавија шведските медиуми.

Како што соопшти портпаролот на шведската војска, Јеспер Солпе, подводниот дрон, кој е откриен во меѓународните води, не може да се деактивира пред 9. ноември, но се проценува дека не претставува опасност ни за бродовите ни за гасоводот затоа што е пресечен кабелот преку кој се управувал.

Ваков вид подводни дронови вообичааено се користат за уништување експлозивни средства што не можат да се извлечат од морското дно.

На дронот нема ознака на ниедна земја и не се знае кому му припаѓа затоа што повеќе армии користат такви средства.

Шведската армија ја исклучи можноста дека станува збор за планирана саботажа на гасоводот Северен тек, кој ги поврзува Русија и Германија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...