fbpx

Во Штип ќе бидат промовирани рекордни 23 доктори на наука

-

Фоајето на Народната библиотека „Гоце Делчев“ од Штип ќе биде претесна да ги прими најблиските на новите доктори на наука, кои титулата ја стекнале изминатата година, меѓу двете празнувања на празникот на градот.

Традиционалната манифестација „Митровденски средби“ е дел од празничната програма, на која се претставуваат штипјани, нови доктори на науки. Годинава се одржува по 14. пат и секоја година бројот на нови доктори на науки е сè поголем, за оваа да биде со рекордна бројка. Во 2002 година, кога почна манифестацијата, пред јавноста беше претставен само еден доктор на наука, Панче Наумот, кој остана да работи во Јапонија.

Од докторите на науки што денеска ќе бидат презентирани, речиси сите, со два исклучока, се кадри на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Еден е професор во средно образование, а еден, кој е доктор по социолошки науки, работи во конфекција. Доминираат медицинските и техничките науки. Еден куриозитет поврзан со годинашниве „Митровденски средби“ е тоа што меѓу докторите на науки доминираат дами. Дури 17 од 23 се „докторки“ на науки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...