fbpx

СДСМ: Со новото задолжување, Груевски им остава огромен долг на младите

-

Пред заминување од власта, Никола Груевски сака да ги задолжи граѓаните на Македонија со дополнителни 500 милиони евра, обвинува СДСМ.

Од партијата велат дека со одлуката за нова евро-обврзница од половина милијарда евра, Груевски сака неговите расипнички и недомаќински политики да ги натовари на грбот на сите граѓани во Македонија.

„За Никола Груевски не е доволно тоа што за речиси 10 години има потрошено повеќе од 25 милијарди евра од буџетот, пари на граѓаните. Неговото расипништво не може да го задоволи, па постојано ги задолжува граѓаните. Задолжувањето на Македонија веќе надминува 50 отсто од БДП, што е катастрофален показател. Човекот кој е главен реализатор на шемите од типот „немаме за леб, а даваме за чоколадо“, Зоран Ставрески, ги крие вистинските информации за тоа колку многу Груевски ги задолжи граѓаните на Македонија во изминатите девет години. Но, дури ни нивната дрскост да ја променат методологијата за пресметка на висината на јавниот долг, не може да ги покрие катастрофалните резултати. И со промената на методологијата, долгот на Македонија постојано се зголемува“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од опозицијата велат дека реалноста е поразителна и дека Македонија одамна го има надминато прагот на задолженост, а Груевски на младите генерации им остава нови и огромни долгови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Платформата за родова еднаквост ќе го следи спроведувањето на програмата на Сиљановска Давкова

Платформата за родова еднаквост упати честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Од Платформата велат дека будно ќе го следат...