fbpx

Тетово: Едно лице повредено со нож

-

Едно лице е прободено со нож при тепачка што синоќа избила меѓу две групи на улицата ЈНА во Тетово, пред кафулето „Имиџ“, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Случајот во полиција го пријавиле четири лица на возраст од 18 до 22 години, кои биле нападнато од група од десеттина други лица. При нападот, тројца од пријавувачите добиле видливи повреди по главата и по телото, додека едниот успеал да избега и да помине неповреден.

Според полицискиот извештај, во тепачката биле користени тупаници, бејзбол-палки, шишиња и други предмети. Дваесет и петгодишниот Б.Л., кој бил во другата група, бил повреден со нож, при што добил расекотини на рамото и на вратот и веднаш бил префрлен на скопските клиники.

Полицијара работи на расчистување на случајот и на утврдување на идентитетот на сите што учествувале во инцидентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...