fbpx

Претседателот Иванов петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година, петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“.

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и на околината во која живеат и работат.

Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.

Проектот „Најдобар млад научник“, инициран од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, има цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

Признанието „Најдобар млад научник“ првпат беше доделено од претседателот Иванов во 2010 година, на м-р Никола Златанов, докторант на Универзитетот на Британска Колумбија, Канада.

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2014 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.

Заинтересираните треба да ги достават своите документите до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најдоцна до 31 декември 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...