Тригодишно дете денеска е убиено во Кина, а неговата деветгодишна сестра е тешко повредена кога жена со нож ги нападнала на улица, јавија кинеските медиуми.

Полицијата ја привела осомничената 40-годишна жена, за која постои веројатност да е ментално болна.

Во медиумските извештаи за инцидентот, кој се случил во градот Бејхај, во јужната кинеска провинција Гуангсју, не се наведува дали жената на некој начин е поврзана со жртвите.

Ова е втор напад на деца во Гуангсју во изминатите неколку недели. Кон крјот на септември, маж до смрт избоде четири ученици кои оделе на училиште.