fbpx

Ванхауте на партиите им дал нов закон за надлежностите на министрите

-

Олеснувачот во преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, доставил нов предлог-закон за надлежностите на министрите и на замениците-министри во новата заедничка влада. Предлогот бил сублимат од досегашните разговори на партиите, а, пред сè, се однесува на ингеренциите што треба да ги има новиот министер за внатрешни работи.

Се дознава дека по овој предлог вчера партиите имале внатрепартиски консултации и билатерални средби.

Сè уште не се знае дали ќе има средба на работните групи. Преговорите во нив се закочени веќе една недела откако не се најде решение за ингеренциите на новите министри и заменици. СДСМ бара нивните министри да имаат овластувања како и другите, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека тие треба да имаат техничка улога.

Прашањето за изборот на другите обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, исто така, е со статус кво.

Претседателот на Советот на обвинители вчера рече дека нема ништо по ова прашање, затоа што обемот на работата на специјалното обвинителство сè уште е ист.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...