fbpx

Апелација се прогласи за ненадлежна за прислушуваните материјали

-

Апелацискиот суд Скопје се прогласи за ненадлежен по жалбите на Обвинителството за користење на прислушуваните материјали и ги врати списите од предметот до првостепениот суд.

Во дописот со кој жалбите се враќаат на надлежно постапување на овој суд се наведува:

„Согласно чл. 93 од ЗКП, кој се однесува на издвојување доказ, е предвидено дека кога врз некој доказ не може да се заснова судска одлука, судија на претходна постапка, по службена должност или по предлог на странките, ќе донесе решение за издвојување на списите најдоцна до завршување на истражната постапка. По подигнување на обвинителен акт, решение за издвојување докази донесува совет за оцена на обвинителен акт. Против ова решение е дозволена посебна жалба по која одлучува повисокиот суд“.

Оттаму велат дека во согласност со одредбите од ставот 5 од членот 25 од Законот за кривична постапка, по жалби против одлуките на судија на претходна постапка одлучува совет од тројца судии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...