fbpx

„Средношколски пленум“: Ќе протестираме сè додека не ни ги исполнат барањата

-

Средношколци денеска се собраа во Градски парк во Скопје, на протест под мотото „Борбата продолжува“. Од „Средношколски пленум“ велат дека барањата им остануваат исти, односно укинување на екстерното тестирање и државната матура да остане иста за веќе запишаните средношколци, а за новите да се формира нов концепт во чие креирање ќе учествуваат засегнати страни.

– Единствената средба помеѓу преговарачките тимови на „Средношколски пелнум“ и на Министерството за образование и наука беше минатата година, за време на средношколскиот камп. Сега ќе одиме пред Министерството за образование да го потсетиме министерот на нашите барања. Ќе протестираме сè додека не нè примат на разговор и не ни бидат исполнети нашите барања. Не се исклучува и бојкот на наставата и средношколски камп, како и минатата година – вели Никола Крстевски од „Средношколски пленум“.

Оттаму велат дека имале силни притисоци да не присуствуваат на овој протест и дека некои средни училишта биле заклучени, а им биле земани и телефоните на средношколците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...