fbpx

Деветнаесетто издание на Меѓународниот фестивал „Денови на Наим“

-

В четврток, 15 октомври, во 19.30 часот пред Центарот за култура „Ило Антески – Смок“ во Тетово, ќе почне 19. издание на Меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим“.

На фестивалот ќе се претстават 36 учесници од 18 земји.

На првиот ден ќе се положи цвеќе пред споменикот на познатиот албански поет Наим Фрашери, потоа во фоајето на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на косовскиот сликар Уран Лимани, а во големата сала, ќе се одржи свечено отворање на фестивалот, каде ќе се додели наградата на годинешниот лауреат, Басри Чаприќи.

В петок ќе се одржи поетско читање во Арабати баба теќе, а следниот ден ќе бидат промовирани три книги. Пред да биде затворена манифестацијата, која завршува на 18 октомври, ќе бидат доделени повеќе награди на заслужни поети.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...