fbpx

Меј: Масовната имиграција ѝ штети на Британија

-

Масовната миграција му нанесува штета на британското општество, ќе предупреди британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, во говорот што ќе го одржи на годишната конференција на владејачката Конзервативна партија, а до кој стигнала агенцијата „Ројтерс“.

Таа во говорот оценува и дека нивото на миграција во последните десет години не било во согласност со националниот интерес на Велика Британија.

За 12 месеци, до март годинава, во Британија мигрирале 330.000 лица, што е далеку повеќе од 100.000, колку што вети премиерот Дејвид Камерон.

Високиот степен на имиграција ја засилува поддршката кај противничките партии и претставува фактор што би можел да ги наведе Британците на гласање за излез од ЕУ на планираниот референдум, закажан за крајот на 2017 година.

– Кога имиграцијата е превисока, кога промените се случуваат премногу брзо, не може да се гради кохезивно друштво – наведува Меј во својот говор, додавајќи дека масовната имиграција ги оптоварува јавните сервиси, како што се школите и болниците, ја намалува заработувачката и ја зголемува невработеноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...