fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе бараат со закон да се забрани објавувањето на „бомбите“

-

Владејачките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат закон со кој ќе се забрани да се објавуваат материјалите од прислушуваните разговори. Ова на прес-конференција во Собранието го кажа Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ.

Како што рече Џафери, ако се донесе законот, сите што ќе го прекршат, ќе добијат кривични пријави.

Овој закон ќе важи и за медиумите, што значи дека нема да смеат да се реобјавуваат „бомбите“ и дека сите медиуми што ги имаат објавено разговорите, ќе треба да ги симнат од своите интернет-страници.

Законот ќе се носи по итна постапка, а ќе стапи на сила штом ќе биде објавен во Службен весник.

Џафери рече дека консензус за овој закон има од сите партии, но од СДСМ го негираат тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...