fbpx
Таг: прислушуваниразговори

таг: прислушуваниразговори

Колку Зврлевски е неполитички обвинител, кажаа Јанкулоска и Ставрески во „бомбата“

Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој изјави дека за него специјалното обвинителство е политичко обвинителство, во една од „бомбите“ на опозицијата беше споменат од двајца политичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министрека за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои, според снимката, им завршил работа и отфрлил кривична пријава поднесена против Ставрески. Во аудиоснимката што опозицијата ја објави на 15 февруари,...

ДС: Законот за мораториум на „бомбите“ е атентат врз демократијата

Обидот за донесување закон за забрана за објавување материјали од прислушуваните разговори за Демократскиот сојуз е „атентат“ врз демократијата и врз слободата на говорот, стои во соопштението на партијата на пратеникот во Собранието, Павле Трајанов. „Демократскиот сојуз најенергично протестира против обидот за донесување закон за забрана на објавување материјали од прислушувани разговори. Демократскиот сојуз смета дека ова е атентат врз демократијата...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе бараат со закон да се забрани објавувањето на „бомбите“

Владејачките ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат закон со кој ќе се забрани да се објавуваат материјалите од прислушуваните разговори. Ова на прес-конференција во Собранието го кажа Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ. Како што рече Џафери, ако се донесе законот, сите што ќе го прекршат, ќе добијат кривични пријави. Овој закон ќе важи и за медиумите, што значи дека нема да...

Британска амбасада: За прислушуваните разговори е потребна целосна истрага

Наводите што произлегоа од прислушуваните разговори се многу сериозни и за нив треба да се спроведе целосна и транспарентна истрага. Ова е ставот на Амбасадата на Обединетото кралство за одлуката на Основниот суд 1 да ги издвои прислушуваните разговори како докази. Амбасадорот не би можел да коментира детали од судската одлука, но вели дека истрага мора да има, а за неа...

Ахмети на средбата со амбасадорот Бејли: Да се почитува договорот од 2 јуни

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, во седиштето на партијата во Тетово, на која, како што соопштуваат од ДУИ, разговарале за политичката криза по разговорите во Брисел. „Претседателот Ахмети истакна дека договорот од 2 јуни треба да се почитува од сите потписници и треба да се прават...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...