fbpx

Медведев: Немаме економски интерес во Сирија

-

Рускиот премиер Димитри Медведев го нарече теорија на заговор и пропаганда тврдењето дека воената мисија на Русија во Сирија е со економски интерес.

– Тоа е голема теорија на заговор. Сите тие приказни се заговор или пропаганда, која во оваа ситуација ја користат повеќе држави – изјави Медведев, во интервју за емисијата „Вести во сабота“, како одговор на тврдењето дека Русија со своите дејства го штити пазарот за оружје.

Медведев нагласил дека Русија нема глобален економски интерес во Сирија.

– Точно е дека ги снабдуваме со оружје, но тоа не е фантастична сума на пари, тоа се, можеби, стотина милиони долари, а нашето целокупно портфолио изнесува 15 милијарди долари. Тоа, со други зборови, значи дека немаме никакви економски интереси таму – наведе Медведев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...