fbpx

Исчистена дивата депонија кај Сушички мост во Гостивар

-

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“, денеска беше исчистена дивата депонија во Сушички мост, близу Гостивар. Акцијата ја проследија министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот Невзат Бејта. Целта на проектот, кој со еколошки акции се спроведува низ целата земја, е да се подигне свеста кај граѓаните за правилно депонирање на сметот.

– Целта е да имаме што помалку вакви депониии, да бидеме свесни и заеднички да ја чуваме животната средина – изјави министерот за животна средина, Нурхан Изаири.

Гостиварскиот градоначалник Бејта потсети дека местото Сушички мост досега било расчистувано десетина пати, но за кратко време повторно се полни со отпад. Бејта апелираше до сите, особено до приватните фирми, да не го оставаат градежниот шут на нелегални места.

– Има несовесни компании што го фрлаат опадот насекаде, со тоа ги оштетуваат своите деца, семејство и целото општество – изјави градоначалникот Бејта.

Со кампањата „Македонија без отпад“, нашата земја се вклучува во глобалната акција за чиста животна средина, која е поддржана од Европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...