fbpx

Жерновски: Центар ќе забрани градежни активности на кејот на Вардар

-

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција информираше дека вчера до Советот доставил одлука со која се забрануваат градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улицата Војвода Васил Аџиларски, улицата Димитрија Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија и Камени Мост. Во овој реон спаѓа и кејот на Вардар. Со оваа одлука до истекот на оваа календарска година, сите градежни активности ќе бидат забранети.

– Јас и советниците од нашата коалиција, на ваквиот чекор се решивме откако минатата недела, Советот на Град Скопје, одлучи на кејот да се гради транспортна улица. Ваквата улица целосно би го уништила кејот, би го ограничила движењето на граѓаните и со нејзино градење би изгубиле еден јавен простор. Со ваквата улица трајно би се сменил изгледот и функционалноста на Градскиот трговски центар и би го изгубиле едно од најубавите шеталишта во Скопје. Сметам дека веќе премногу јавни простори изгубивме поради градежните авантури на власта, тоа повеќе нема да го толерираме. Го повикувам градоначалникот на град Скопје, господинот Коце Трајановски, да се откаже од идејата за изградба на улица и заедно да застанеме во одбрана на нашиот кеј. Предлагам да отвориме јавна дебата во која ќе ги вклучиме засегнатите страни и заеднички да најдеме прифатливо решение за сите – рече Жерновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...