fbpx

„Цивил“: ССМ ја брани власта од работниците

-

Работничките права во Република Македонија се под финансиско-бирократските чизми на власта кои синдикалните моќници послушно им ги полираат, оценуваат од „Цивил“.

„Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е мало приватно царство на неколкумина верни послушници на власта кои, без трошка совест, живеат како султани од тешко заработените пари на своите членови со една цел: да ја бранат власта од работниците.Своето вистинско лице СОНК не мораше да го крие, но сега и на најнаивните им стана јасно чиј пион е и овој божемно самостоен синдикат за образование, наука и култура“, стои во соопштението на организацијата.
Според „Цивил“, повеќе од јасно е зошто Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) е исфрлен од ССМ и зошто СОНК е во процес на официјално враќање во ССМ.

„Со начините на кои власта се обидува да го заузда незадоволството од катастрофалните политики и практики во образованието, само се докажува неподготвеноста за нивно напуштање, како во поглед на образованието, така и во сите останати сектори на заштитата на работничките и социјалните права на граѓанките и граѓаните.Одамна стана очигледно дека, во пресрет на изборите во 2016 година, се прави консолидација на редовите и се зацврстува контролата врз институциите и врз синдикалното организирање. За да ја постигне целта, на власта ѝ е потребно да ја намали или збрише видливоста на пленумите, а паралелно со тоа, наставниот кадар да го стави под целосна контрола“, стои во соопштението.

Од „Цивил“ наведуваат дека вистински независните синдикати и пленумите на студентите и средношколците се залагаат за права и реформи кои се составен дел на корпусот на човековите права и слободи загарантирани со Уставот, меѓународното право и законите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...