fbpx

МНР ја проверува изјавата на Попоски за оградата

-

Министерството за надворешни работи сè уште нема информација дали министерот Никола Попоски во интервју за унгарскиот неделник „Фиѓело“ навистина рекол дека Македонија размислува да подигне ограда, слична на унгарската, за да ги заштити своите граници од бранот бегалци.

– Сè уште чекаме верификација на изјавата – ни рекоа од МНР, притоа потврдувајќи дека министерот дал интервју за „Фиѓело“.

Попоски во интервјуто вели дека Македонија најверојатно ќе посегне по некој вид физичка заштита, но дека тоа нема да биде долгорочно решение.

– Но, ако се земе предвид сериозно што Европа бара од нас да направиме, исто така ќе ни треба и тоа. Или војници или ограда или комбинација од двете – рекол Попоски.

Од МНР засега немаат информации дали планот за подигнување ограда бил разгледан на владина седница или, пак, е предлог на министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...