fbpx

Стотици илјади граѓани на протест во Малезија

-

На протест во Малезија денеска излегоа стотици илјади граѓани.

Околу 200 илјади луѓе се собраа наплоштадот во Куала Лумпур и илјадници во другите градови на Малезија барајќи оставка на премиерот Наџиб Разак. Протестот е обезбедуван со полициски кордони, и минува во мирна атмосфера. Организаторите на протестот кој трае веќе втор ден, најавија дека ќе заврши вечерва на полноќ кога почнува денот на одбележувањето на малезиската независност.

Демонстрантите облечени во жолти маици бараат фер и праведни избори и оставка на премиерот кој е осомничен за присвојување на 700 милиони долари од државните фондови. На демонстрантите денеска им се придружи и поранешниот премиер Махатир Мохамед. Слични протести имаше и во 2011 година кога полицијата за да ги растури употреби солзавец и водени топови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...