fbpx

Мигрантите го пробија кордонот – полицијата возврати со шок-бомби

-

Група мигранти попладнево го пробиле кордонот на војската и полицијата на одредени места на македонско-грчката граница и сега се движат кон железничката страница во Гевгелија, јавува РТС.

Репортерот на РТС јавува дека полицијата возвраќа со шок-бомби, а мигрантите на секои десеттина минути го пробиваат кордонот на местата каде има помалку полиција и војска.

Во МВР засега немаат информации за нови инциденти и додаваат дека полицијата само си ја врши работата и има за цел да ја заштитат границата и себе си.

Според извештаите од теренот, ситуацијата во Гевгелија е тензична и непредвидлива, а бројот на мигрантите во безграничната зона постојано се зголемува.

Руската телевизија „Раша тудеј“ денеска објави видео на кое се гледа како мигрантите бегаат низ полето на македонска територија, пробивајќи го безбедносниот кордон, а вечра објави снимка со дрон од која може да се забележи колкав е бројот на мигрантите во безграничната зона, кои чекаат да влезат во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...