fbpx

Ременски: Неопходен е засилен ангажман на институциите за решавање на мигрантската криза

-

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, придружувана од претседавачот на Централниот одбор на партијата, Диме Велковски и претставници од општинското раководство на СДСМ Гевгелија денеска го посети гевгелискиот регион којшто е најпогоден од последиците на бегалската криза.

За време на посетата и непосредни средби со граѓаните на Гевгелија, Ременски ја изразила подготвеноста на СДСМ да ги понуди своите човечки ресурси на располагање за да се помогне во решавање на проблемите коишто произлегуваат од кризата со бегалците.

– Неопходен е засилен ангажман на институциите. Владата посериозно треба да се зафати со третманот и решавањето на проблемите со кои се соочуваат и мигрантите и граѓаните на населените места низ кои транзитираат мигрантите – рече Ременски.

Во партиското соопштение се наведува дека потпретседателката на СДСМ ја посетила железничката станица во Гевгелија, каде што секојдневно стотици мигранти престојуваат и го чекаат својот ред да ја напуштат Македонија кон северната граница.

Од СДСМ реагираат дека хигиенските услови на железничката станица и на сите места каде што моментално престојуваат мигрантите се на незадоволително ниво и претставуваат проблем којшто го загрозува здравјето и животната околина на локалното население.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...