fbpx

Заврши Летниот камп на Коалицијата на младински организации СЕГА

-

Во Струга денеска заврши Летниот камп на Коалицијата на младински организации СЕГА, организиран во рамките на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација”. Учествуваа 42 деца од различни националности од градовите Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци.

Целта, како што објаснија организаторите, е младите да се здобијат со вештини и знаења, како и да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, потоа да ја промовираат интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различни култури, како и да работат на промоција на детските права.

Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои се дел од летниот камп имаат за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на младите. Во рамките на активностите на кампот младите ќе подготват локални кампањи за промовирање на интеркултурната комуникација и детските права во своите градови и училилишта, како и да подготват активности за обележување на Светската недела на детето.

– Учесниците на вториот по ред летен камп, ќе имаат шанса да научат повеќе за детските права и ќе стекнат вештини од областа на интеркултурната комуникација, која претставува клучен процес за создавање соживот со нивните врсници кои доаѓаат од различни култури – оцени Зоран Илиески, Извршен директор на СЕГА.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 27 членки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...