fbpx

Во првите шест месеци, имаме пад на увозот и на извозот во однос на лани

-

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 2.173.287.000 долари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.Во однос на лани истиот период, кога извозот изнесувал 2.357.790.000 долари, имаме пад од 184.503.000 долари.

Вкупната вредност на увозот на стоки во Македонија, во периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 3.101.797.000 долари.Во однос на лани истиот период, кога увозот изнесувал 3.551.715.000 долари, имаме пад од 449.918.000 долари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 928.510.000 долари.Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јуни 2015 година е 70,1 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, комплетите проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и од челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...