fbpx

Анкета: Европејците сакаат укинување на Шенген-зоната поради мигрантите

-

Најголем дел од граѓаните на европските земји, меѓу кои најмногу Французите и Британците, сакаат Шенген-зоната да биде укината поради приливот на мигранти, покажуваат резултатите од најновата анкета, чиишто резултати денеска ги објави францускиот весник „Фигаро“.

Речиси 70 проценти од Французите се за тоа повторно да се воспостават границите меѓу земјите-членки на ЕУ и, барем привремено, на границите да се постават контролни пунктови.

За укинување на Шенгенскиот договор се 63 проценти од Британците, 59 проценти од Холанѓаните, 56 проценти од Италијаните и 53 проценти од Германците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...