fbpx

Невладините и СДСМ денеска ќе решат дали ќе го тргнат кампот

-

Дали ќе се тргне кампот пред Владата, ќе биде одлучено на денешната средба што раководството на СДСМ ќе ја има со невладините организации.

По синоќешната средба со партиите кои се во опозицискиот блок, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, добил „целосна поддршка во чекорите за враќање на слободата и на демократијата во Македонија“.

На средбата едногласно било потврдено дека Груевски го прекршил договорот од 2 јуни и дека преговорите се неуспешни. Идната недела, пак, треба да се знаат и идните чекори на дејствување на опозицијата.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата на Извршниот комитет одржана вчера, соопштија дека во досегашниот тек на преговорите, ВМРО-ДПМНЕ направила многу отстапки за компромис и нема простор за нови, особено во делот на организација на Владата.

Оттаму велат дека промена на министри и на премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати.

– Во досегашниот тек на преговорите, ВМРО-ДПМНЕ беше крајно конструктивна страна и направи многу отстапки во правец на наоѓање компромисно решение за политичката состојба. ВМРО-ДПМНЕ во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори. Второ, односот на СДСМ во преговорите беше неодговорен и со јасна желба тие да не успеат заради најмалку две цели. Првата цел на СДСМ е да нема избори во април 2016 година бидејќи се свесни дека ги очекува тежок пораз. Втората цел на СДСМ е политичката криза да предизвика економска криза, што СДСМ го гледа како свој партиски интерес и надеж за успех – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...