fbpx

Кина, главен осомничен за големиот хакерски напад на САД

-

Кина е „главниот осомничен“ за големиот хакерски напад на владината агенција на САД задолжена за чување на личните досиеја на милиони Американци, изјавил шефот на разузнавањето на САД, Џемјс Клапер.

Клапер е највисоко рангираниот службеник на САД што јавно го поврза Пекинг со упадот во системот со податоци.

Од друга страна, Кина ги отфрла наводите за вмешаност во хакерскиот напад.

Изјавата на високиот американски службеник доаѓа три дена по разговорите на високо ниво меѓу Кина и САД, во кои двете страни договорија „кодекс на однесување“.

„Кина е главниот осомничен, но владата на САД продолжува со истрагата“, изјавил Клапер на прес-конференција во Вашингтон, пренесува „Би-Би-Си“.

Националниот медиумски сервис на Велика Британија, во пет точки наведува за што станува збор.

  • На 5 јуни Канцеларијата на САД за менаџмент на персоналот, соопшти дека на повеќе од 4 милиони вработени, пензионирани лица, соработници и апликанти за работа, најверојанто им се компромитирани личните податоци.
  • Според некои извештаи, станува збор за бројка од околу 14 милиони лица, но овие информации засега остануваат непотврдени.
  • Канцеларијата првпат го забележала упадот во април оваа година.
  • Членови за Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД изјавија дека хакерите, одговорни за нападот, се во Кина.
  • Ова не е прв обид за упад во системот на САД. Во март 2014 година хакери се обидоа да влезат во мрежата на Канцеларијата за менаџмент на персоналот, но нападот беше навреме блокиран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...