fbpx

СДСМ: И „Фридом хаус“ го нотираше падот во сите категории

-

Во најновиот извештај на релевантната меѓународна организација „Фридом хаус“, Македонија повторно е оценета како земја во која владее хибриден режим, реагираат од СДСМ.

Во соопштението на опозициската партија пишува дека извештајот на „Фридом хаус“ содржи недвосмислени критики за спроведувањето на изборниот процес, состојбата во медиумите, за загрозувањето на основните човекови права и слободи.

„Во извештајот е наведено дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите независност на медиуми, борба против корпуција, изборен процес и граѓанско општество. „Фридом хаус“ го констатираше она што е содржано во извештајот на експертската група на Европската комисија, подготвен од Рајнхард Прибе, кој укажува на сите системски злоупотреби на власта на Никола Груевски. Меѓународните извештаи се јасни, нема простор за различно толкување или за нереални перцепции. Работите мора да се променат. На Македонија ѝ е потребно враќање на слободата, демократијата и на европските вредности. Неопходно е Никола Груевски и неговите најблиски соработници, кои ја узурпираа државата и од неа направија земја со хибриден режим, да се повлечат и преку организација на влада, во која нема да бидат вклучени креаторите на проблемите, да се создадат минимални услови за организирање фер и демократски избори во Македонија“, реагираат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...