fbpx

Жител на Крушопек ранет со нож во тепачка во Скопје

-

Вчеравечер, околу во 18.40 часот, во Центарот за известување и командување Скопје (ЦИК) од итната медицинска помош било пријавено дека на улицата Лондонска, пред трговскиот центар „Олимпико“, имало лице кое лежело на земја со убодна рана, информираат од полицијата.

По преземените мерки, полицијата утврдила дека станува збор за К.А. (37) од скопското село Крушопек, кој бил прободен со нож во тепачка со три лица, на која ѝ предходела вербална расправија.

Полицијата ги привела осомничените и, како што информираат оттаму, еден од нив се пожалил на повреди и бил задржан на лекување во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, додека со останатите двајца бил извршен разговор.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН: Нови учебници на клупите ќе ги пречекаат учениците од септември

Се печатат сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/2025 година....