fbpx

„Во добра атмосфера“, почна лидерската средба во Брисел

-

Лидерската средба во Брисел со посредништво на европскот комесар за претпристапни преговори, Јоханес Хан, почнаа некаде претпладне, во зградата на Европската комисија.

Четворицата лидери на најголемите политички партии во Македонија, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, денеска со посредникот Хан ќе бараат излез од политчката криза во која се наоѓа земјата повеќе од една година, а која се заостри со објавувањето на „бомбите“ на опозицијата.

Пред почетокот на средбата, Зоран Заев изјави дека преговорите почнуваат со дијаметрално спротиставени ставови на двете страни и дека преодна влада без Груевски е позицијата од која не отстапува опозицијата.

Текот на почетните разговори ќе го одреди ритамот за останатиот дел од денот. Засега разговорите се одвиваат во добра атмосфера, велат дипломатски извори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...