fbpx

ЕУ: Предлозите на Атина не се доволни

-

Новиот предлог за реформи што грчките власти го доставиле до меѓународните кредитори не е доволен за да се постигне договор за уплата на новите средства за земјата, соопштија денеска претставници на ЕУ.

– Тоа што е доставено не е доволно за да тргне процесот напред – соопшти неименуван претставник од Брисел за „Ројтерс“.

Портпаролката на Европската комисија, Маргарита Шинас, изјави дека ова тело ги проучува предлозите на Атина и нагласи дека останатите членки „не говорат во име“ на Комисијата.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас претходно соопшти дека Атина би можела да постигне договор со меѓународните доверители ако тие се откажат од одредени барања, вклучувајќи го и намалувањето на пензиите.

Грција се обидува да постигне договор со своите кредитори за уплата на транша од 7,2 милијарди долари помош, за да избегне банкрот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В недела инаугурација на Силјановска Давкова за претседателка

Инаугурацијата на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова ќе се одржи во недела во 12 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески информираат дека откако ќе пристигне...