fbpx

Парламентарни избори во Турција

-

Во Турција утринава се отворени избирачки места на кои граѓаните на земјата ќе гласаат за новиот состав на парламентот. Овие избори се важен тест за партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, чија желба да го измени уставот и да добие поголеми претседателски овластувања би можела да биде спречена од прокурдската Демократска народна партија (ХДП).

Гласачките места, на кои ќе можат да гласаат повеќе од 53.700.000 турски граѓани со право на глас, ќе се затворат во 17 часот по локално време.

Според сите прогнози, ХДП би можела да ја освои четвртата позиција со околу 10 отсто од гласовите, а токму тој процент е границата меѓу победата и поразот, бидејќи според строгите правила, само партијата што ќе ја надмине оваа граница може да има свои претставници во парламентот.

Ако ХДП освои повеќе од 10 отсто од гласовите, може да ги „замрси конците“ на Партијата за правдата и развојот (АКП) на Ердоган, која сака државата да се трансформира од парламентарен во претседателски систем. Доколку ХДП успее во тоа, тие би можеле да ја принудат владејачката партија на формирање коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...