fbpx

13 мигранти побарале азил во Македонија

-

Триенаесет сириски државјани вчера побарале азил во Република Македонија, што е прв ваков случај откако на сила стапија измените на Законот за азил и привремена заштита, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, барањата за азил се однесуваат на 17 лица, од кои четири се деца.

Сириските државјани што побарале азил биле на возраст од 19 до 57 години.

Заклучно со 8 часот утринава, според МВР, издадени биле вкупно 7.386 потврди на странски државјани кои искажале намера за барање азил.

Од МВР информираат дека вчера, околу 17 часот, три мобилни екипи на Црвениот крст укажале помош на 360 лица на железничките станици во Гевгелија и во Куманово. Две деца и тројца возрасни биле пренесени во Општата болница во Гевгелија, од каде по укажната лекарска помош биле вратени на железничката станица.

Во Прифатниот центар, според полицијата, биле евидентирани 44 баратели на азил, од кои 28 биле мажи, 10 жени и шест деца со придружба на старател. Кај тројца мажи и една жена биле констатирани повреди на нозете.

Меѓу странските државјани сместени во Прифатниот центар за баратели на азил нема бремени жени и деца без придружба на старател, додаваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...