Џамила Џамил: Не се фрустрирајте од тежината!

Актерката Џамила Џамил (Jameela Jamil) позната по улогата во популарната серија The Good Place започна позитивно движење на Инстаграм со кое ги инспирира луѓето да ги препознаат своите позитивни карактеристики. Движењето се одвива преку инстаграм профил со корисничко име @i_weigh кој им сугерира на луѓето дека нивната тежина (вредност) како луѓе е многу повеќе од бројка на килограми, односно дека нашата вредност е во тоа колку сме човечни, колку сме искрени, колку си ја сакаме работата, колку пријатели имаме…

Моментално овој профил има 836 илјади следбеници, но Џамила раскажува дека сево ова започнало сосема случајно. Исфрустрирана од она што го гледала на социјалните медиуми, решила да објави на Инстаграм обично селфи од себе си преку кое напишала: „Јас сум тешка: Убава врска, oдлични пријатели, се смеам секој ден, ја сакам мојата работа, Заработувам чесно, сум финансиски независна, се борам за правата на жената, си ги сакам свадбарките, си се допаѓам на себе си и покрај сите работи поради кои медиумите ми велат дека треба да се мразам себе си“.

Откако ја објави сторијата почнала да добива тагови од луѓе кои ги споделуваат своите слики заедно со нивните I weigh карактеристики. За овие слики да не се изгубат по истекувањето на 24 часа (колку што траат Instagram Stories) Џамила одлучила да отвори нов профил каде ќе ги објави, со цел да послужат како мотивација за луѓе кои имаат проблеми со ниска самодоверба, негативен body image, проблеми со менталното здравје итн…

Моментално овој профил има речиси 3.000 постови од различни луѓе кои ги споделуваат и прославуваат своите позитивни карактеристики.

View this post on Instagram

#iweigh ✨💖

A post shared by I WEIGH 📣 (@i_weigh) on