fbpx

Ќе може да се исклучите од парно само ако докажете дека ќе се греете поефикасно

-

Денес на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата и пратеник Артан Груби предложи амандман на предлог-законот за енергетска ефикасност за допрецизирање на прашањето поврзано со правото на потрошувачот на топлинска енергија да користи поефикасен систем за централно греење и/или ладење. Овој амандман беше прифатен од министерот, Крешник Бектеши, информираат од ова Министерството за економија.

„Новината е дека секој граѓанин приклучен на системот на топлинска енергија ќе има можност да се исклучи од постојниот систем за греење само во случај кога системот на кој планира да се приклучи или системот за поединечно греење и/или ладење којшто ќе го користи, обезбедува подобри енергетски перформанси, односно е поефикасен и еколошки поприфатлив и го намалува користењето на примарна енергија во споредба со системот за централно греење и/или ладење на којшто е приклучен“, се вели во соопштението од министерството.

За да се обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење, граѓанинот ќе мора да го докаже ова со изработка на извештај од претходно извршена енергетска контрола, изготвен од овластен енергетски контролор за згради. Истовремено, треба да безбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење и/или ладење од мнозинството од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно Законот за домување.

Прифаќањето на ваквиот амандман во Законот за енергетска ефикасност е за обезбедување на чист воздух во градовите, а истовремено со него би се овозможила примена на мерките за енергетска ефикасност и во иднина нема да има нерационални исклучувања од системот за топлинска енергија.

„Се дава правен основ за регулирање на начинот и постапката за исклучување на потрошувачот со Правилата за снабдување за топлинска енергија кои Регулаторната комисија за енергетика го носи согласно Законот за енергетика“, се нагласува во соопштението на министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...