fbpx

Ѓукановиќ: Северна Македонија ги научи лекциите од минатото

-

Северна Македонија ги научи лекциите од минатото и го обезбеди местото во НАТО алијансата, порача црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Стево Пендаровски, која се одржа во вилата Водно.

На прес-конференцијата ѝ претходеше нивна средба во претседателската резиденција.

Ѓукановиќ рече дека е очигледно дека Македонија ги научила лекциите од минатото, со решавањето на проблемот со името.

– Односите помеѓу Црна Гора и Македонија не се прекинати и имаме традиција на одлични односи. Нашите односи се пријателски, имаме меѓусебна поддршка и делиме заеднички цели. Ние сме веќе членка на НАТО и сме во преговори со Европската унија. Сметаме дека е важно да ја поддржиме и Северна Македонија кон тој пат. Сметаме дека тој пат е без алтернатива. Северна Македонија од познати причини го изгуби чекорот на патот на интеграциите, но сметам дека лекциите се научени, а постигнат е голем прогрес и напредок. Северна Македонија го обезбеди местото во НАТО алијансата. Сметаме дека не треба да има двоумења, затоа што мислиме дека е време за нова динамика во политиките на ЕУ – рече Ѓукановиќ.

Пендаровски, пак, рече дека соработката ќе продолжи и понатаму.

– Нашите две држави ги поврзува заедничкото минато, но повеќе заедничката иднина, просперитетот кон обединета Европа, како земја ја цениме поддршката од Црна Гора. Сакам да нагласам дека Црна Гора е меѓу првите земји која нè поддржува. Добив уверување од Ѓукановиќ дека поддршката ќе продолжи и во иднина. Се согласивме дека нема поголема сила од евроинтегративните процеси. Во оваа насока, Северна Македонија соработува и преку понудената помош, а пример за одличните односи е соработката во одбраната. Можам да заклучам дека Северна Македонија и Црна Гора се цврсто убедени за интеграции, стабилност и добрите односи на двете држави се неопходни за економски развој. Северна Македонија и Црна Гора се пријателски и блиски земји и односите на двете земји ќе зајакнуваат – рече шефот на државата, Стево Пендаровски. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече оти посетата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на земјава, значи враќање на САД на Балканот на голема врата.

– Последната посета на тоа ниво се случи пред 19 години од страна на Колин Пауел. Ова не е куртоазна посета. Според државите кои ги посетува – Италија, Црна Гора, кај нас, па завршува во Грција, значи дека не доаѓа во регионот да се разрешуваат предизвици, туку да им оддаде признание на тие што делуваа со својот пример. Неговата посета е симболика на враќање на голема врата на САД на Балканот. Клучни прашања во нашата земја беа решени со поддршка на САД и не можат да бидат решени ако САД не е вклучен во тие процеси – рече Пендаровски.

Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Северна Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски.

Ѓукановиќ во дводневна посета на земјава пристигна претпладнево, а предвиден е и пленарен состанок меѓу македонската и црногорската официјална делегација, како и негови средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со премиерот Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...