fbpx

Поради неажурните институции, ДКСК не знае колку функционери треба да поднесат анкетни листови

-

Поради неажурноста на институциите кои треба да и достават податоци, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не може да го утврди бројот на функционери кои треба да поднесат анкетни листови за имотна состојба и изјави за непостоење судир на интереси. Ова го заклучува „Транспарентност Македонија“ во својот квартален извештај за работата на ДКСК за периодот јуни – август.

„Комисијата не може да ја утврди бројката за лица кои треба да поднесат изјава за интереси, бидејќи како и кај имотната состојба, така и кај судирот на интере­си, поради тоа што раководните лица на институции и органи кои вршат избо­ри и именувања или од нив овластени лица, кои се должни да доставуваат об­разец со податоци за избрани и именувани лица, не ги доставуваат редовно“, нагласува извештајот, наведувајќи дека од јануари до август до ДКСК биле доставени 500 изјави за непостоење судир на интереси, а комисијата ги проверила сите.

Во извештајот се наведува дека позитивна мерка за надминување на оваа состојба е соопштението на ДКСК со кое ги повикува институциите да ги достават податоците и потсетува на глобата од 300 до 500 евра, предвидена за неажурноста

„Овие мерки за надминување на состојбите кои се изразени преку медиумите, односно веб страна и јавноста се позитивно оценети од аспект на транспа­рентност и одговорност при постапувањето, особено во делот на укажување­то на законските обврски. Со самото тоа што укажува, Комисијата го почнала процесот на одговорно работење и постапување, односно почнување на по­стапка за решавање на ситуациите“, наведува „Транспарентност Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...