!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Заев во Велес: Ја барам вашата поддршка за целосно да ја укинеме проклетата сиромаштија


       
Велес, 2 септември, 2017 - 15:34 (META) 

Премиерот Зоран Заев денеска во Велес соопшти дека кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во оваа општина ќе биде Аце Коцевски и побара поддршка од граѓаните за централната заедно со локалната власт да работи на подобрување на економијата.

– Ја барам поддршката од граѓаните заедно со Владата на Република Македонија, со новите општини по локалните избори да работиме на економијата, за нови работни места и на целосно укинување на оваа проклета сиромаштија што ја зафатила цела оваа наша Македонија. Велес е еден од најтипичните примери на градови на заминување на младите луѓе, прво во Скопје, но, за жал, најголем дел надвор од државата. Јас сум убеден дека сите млади луѓе што заминале, и оние што сè уште се овде, а се без работа, гледаат добри перспективи овде во својата земја. Тоа е главната задача на новата Влада на Република Македонија – рече Заев.

Тој на велешани им ги објасни трите предложени закани во Собранието – за минимална плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса.

Претседателот на Владата најави дека институциите почнуваат постапки за скратување на одредени процедури, но и за намалување на трошоците за живот преку укинување одредени давачки што повторно ќе значи повеќе пари кај граѓаните.

Заев истакна дека сите ресурси на државата ќе бидат насочени кон враќање на парите кај граѓаните и кон намалување на трошоците за секојдневно функционирање на семејствата.