fbpx

Заев по средбата со Пирс: Според изјавите на Иванов, веруваме дека сме на добар пат

-

Според досегашните позитивни сигнали и според изјавите на господинот Иванов, како претставници на 67 пратеници што побараа мандат, верувам дека сме на добар пат, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со Карен Пирс, политичка директорка при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство. Изјавата по средбата, Заев ја даде од името на СДСМ и на коалициските партнери, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците и тоа, како што информираат од партијата, со нивно целосно овластување.

– Ние сме подготвени преку изјава, пишана, јавно, гласно да ги потврдиме уште еднаш пред господинот Иванов нашите конечни дефинитивни и непоколебливи ставови за унапредување на унитарноста на Република Македонија, заштита на територијалниот интегритет, суверенитетот на Македонија, целосно почитување на Уставот и, секако, за отворање перспективи за нашата интеграција во НАТО и во ЕУ, сето она што е важно за сите граѓани на нашата земја, без разлика на нивната политичка, етничка, социјална припадност – рече Заев кој додаде дека откако ќе се објави одлуката во „Службен весник“ дека Талат Џафери е претседател на Собранието, тој ќе бара средба кај Иванов за да му ги даде гаранциите.

Заев рече дека со Пирс разговарале за реформите што Македонија треба да ги направи, но и за да дадат дополнителни причини „вакви влијателни пријатели на Македонија да се вклучат во помагањето на интегративните процеси на нашата земја“.

– Нашето место е во НАТО и во ЕУ, а Велика Британија го знае тоа и како респектабилен член на НАТО, може да биде од огромна помош во разговорите за отстранување на ветото што го имаме од нашиот јужен сосед, за колку што е можно побрзо членство во НАТО. Секако, сите други опции остануваат отворени и понатаму да ги унапредуваме сите соработки со Република Грција, да наоѓаме начини за решавање на сите проблеми. Да се надеваме дека во делот на преговорите, паралелно со реформите, ќе ги решаваме прашањата, како што реков, со идната опозиција во Македонија преку консензус и дефинирање со референдум – додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...